СДСМ: Максим направи коалиција со ВМРО-ДПМНЕ во Куманово

Општинската организација на СДСМ од Куманово извести дека денес бил изгласан претседавач на Советот на Општината, а тоа е Ивана Ѓорѓиевска, која била избрана со гласовите на Граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ на Максим Димитриевски, ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса и Алтернатива.
„За Наше Куманово воопшто не комуницираа со советничката листа на СДСМ за било какво коалицирање, туку Максим Димитриевски преговараше со ВМРО-ДПМНЕ и А/АА. Маските паднаа, Максим Димитриевски призна дека во Куманово имал предизборен договор со ВМРО-ДПМНЕ за да остане на власт. ВМРО-ДПМНЕ на Максим Димитриевски му даде 6.000 гласови во првиот и 15.000 гласови во вториот изборен круг. Левица на Максим Димитриевски му даде 2.000 гласови во двата изборни круга, додека А/АА му даде 2.500 гласови во вториот изборен круг.
Максим Димитриевски од денеска ќе го плаќа долгот кон ВМРО-ДПМНЕ на грбот на граѓаните на Куманово. Максим Димитриевски денеска докажа дека не е никаков социјалдемократ туку трговец на интересите на граѓаните“, соопштија од СДСМ.