СДСМ: Кадровски дебакл, професор по физичко на заменичко место во МВР


ВМРО-ДПМНЕ на високи државни позиции назначува кадри по пртиски клуч без основно, елементрано познавање на областа за кои се назначуваат, обвини СДСМ откако беше објавена листата на новите заменици министри.

-Последен пример е предлогот за заменик министер во Министерството за внатрешни работи, Мицкоски го предлага Астрит Исеини, кој дипломирал на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а се стекнал и со титулата доктор по кинезиологија, како вонреден професор.Каква врска имаат физичкото образование, кинезиологијата со полицијата и внатрешните работи?

Гледаме класичен кадровски дебакл на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Единствен критериум е партиската припадност. Нити има свежи кадри нити професионалци ниту пак луѓе со соодветно познавање на областите, коментираат од СДСМ. 

На листата има економист со искуство во маркетинг,а сега избрана за заменик министер за одбрана бидејќи одреден период била придружниќка на наш кадар во мисија во НАТО.