СДСМ: „Имаме чувство дека театарот со Груби стана циркус“


 

Опозициската СДСМ ја користи изјавата на премиерот Христијан Мицкоски даде синоќа на Сител за тоа дека „имал чувство“ како ќе се развива судскиот процес против Артан Груби за соопштенија натопени со хумор.

„Прво граѓаните ја видоа режираната претстава на граница, доаѓањето со наочари, со насмевка, каде недостасуваше уште црвен ќилим за Груби. Потоа смисленото сценарио и пречек со камери, со медиумска поддршка на медиумите под контрола на ВМРО. Па одредувањето куќен притвор од обвинителство и судство по контрола на ВМРО-ОКГ.

Обвинителството прво велеше дека АНБ на Христовски и МВР на Тошковски дале безбедносна проценка дека Груби не е безбеден и затоа морале да одредат куќен притвор. Излезе директорот на Затворот и демантираше, рече дека ниту АНБ ниту МВР не дошле и не направиле проценка.

Вчера Мицкоски изјави дека тоа биле класифицирани информации, доверливи и не може да се соопшти.

Имал чувство.

Сега излегуваат информации дека наводно ‘странски служби’ јавиле уште пред една година и дека безбедносна проценка воопшто не била направена од АНБ и МВР.

Циркус.

Веќе не знаат што да излажат. Само нешто се измислува за да се покрие сценариото.

Исто како во времето на Никола Груевски“, вели СДСМ во реакцијата.