СДСМ и Левица против укинувањето на „недела неработен ден“: Тоа е нов удар врз работниците


Фото: Б. Грданоски
СДСМ и Левица денеска се огласија против укинувањето на „недела неработен ден“ кое се повеќе се заговара од страна на актуелната власт по бројните средби со претставниците на стопанските комори.

„Шест месеци Влада на ДПМНЕ и Мицкоски беа доволни за да видиме како се уриваат стекнатите права на работниците, како им се погазува достоинството и им се намалува животниот стандард.

Граѓаните, работниците се соочуваат со економска несигурност и постојано осиромашување. Додека сè поскапува, работниците не можат да се ги дозволат ниту основните производи пред празниците, платите се заковани и не мрдаат.

Мицкоски и ДПМНЕ спроведуваат политики за елитатата а работниците ги третираат како евтина работа сила.Власта не прифаќа покачување на минималната плата, им удоволува на големите трговци и бизнис партнери кои се богатат на грбот на народот. Како тоа да не е доволно, власта подготвува нов удар врз работниците: укинување на „недела неработен ден“., реагираат од СДСМ:

Од таму додаваат дека притисокот се врши најмногу од страна на трговците, а во рпашање се и бизнис интереси на власта. Претходно премиерот Христијан Мицкоски во Собранието на пратеничко прашање одговори дека „недела неработен ден или ќе важи за секого, или ќе се воведе двојна дневница“.

„Верниот слуга на Стопанската комора и домашната олигархија – Мицкоски, најави враќање на недела за работен ден! Откако неспособна Влада на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ преку манипулативните кошнички, зголемените цени на суровините и електричната енергија сервираше нова порција инфлација што го доведе работникот до работ на егзистенција, сега го принудува за дополнителен приход да работи и во недела.

Потсетуваме дека врз овој удар по грбот на работникот претходат бројни средби помеѓу Мицкоски и претседателот на Стопанската комора Азески. Збеснатата Влада е спремна својата благосостојба и џебовите на сопствените донатори да ги полни од маката на работникот. Затоа, нивниот експлоататорски нагон ги става на маса интересите на алчната буржоазија којашто станува сѐ побогата, додека работниците и синдикатите, се исклучени од процесите и стануваат сѐ посиромашни.

„ Работникот не смее да биде поставен на дното на општеството и претворен во слуга на капиталот. Затоа најавуваме бескомпромисна борбa против обидот за одземање на ова круцијално работничко право. Не за богатење врз гробот на работниците!“, се огласија денеска и од Левица.