СДСМ го повикува Мицкоски да го прекине шетањето и да се зафати со пожарите


СДСМ обвинува дека од првиот ден на пожарите, премиерот Христијан Мицкоски не знае што прави и како треба да ја менаџира кризата со пожарите. Според нив има целосно отсуство на одговорност и грижа, сметајќи дека  ако избега во странство или се бави со фрлање лопати на нови чешми, проблемот ќе исчезне. 
 
-Ветуваше дека за ден-два ќе биле пожарите под контрола, па откако работата отиде јабана, избега во странство. Откако виде дека лопатите не помагаат реши дека е најдобро да не е во земјата. Додека граѓаните со лопати самите гасат, тој фрла лопати за ПР.
 
Целата планина Серта е изгорена како резултат на спората реакција. Ова го потврдува локалното население кое самото тврди дека четири и пол дена не добиле соодветна подрршка и не се сфаќала состојбата сериозно. 
 
Во моментов под закана е Пелистер, гори на 13 места, а Мицкоски си тера протоколарни настани за да помуабети со Орбан. Ништо корисно нема државата од неговите патувања, освен дека си прави фамилијарни прошетки. Ваква недоговорност не е забележана од ниеден премиер во минатото, тврдат од СДСМ повикувајќи го премиерот  „да го прекине шетањето по светот и удобните патувања на трошок на народот да ги замени со работа“.