СДСМ го повика ЈСП да бара помош од Град Скопје

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ почнаа да се препукуваат околу клучните услуги на граѓаните, па тоа што почна како инсттуционална пресметка околу одговорноста за одвивање на сообраќајот во Скопје, се префрли на греењето од БЕГ, а сега и на цената за градски сообраќај, откако ЈСП воведе дневен билет. Според СДСМ, градоначалничката Данела Арсовска не само што не обезбедила бесплатен превоз како што вети туку и го поскапува со дневниот билет, повикувајќи го наедно ЈСП да не бара помош од Владата за тешкотиите во работењето туку да се обрат на Град Скопје, бидејќи е под негова надлежност.
-Само две недели им беа потребни на партиските кадри поставени од Данела Арсовска да ја закочат и уназадат работата на Јавното сообраќајно претпријатие.Наместо бесплатен јавен превоз, Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ го поскапуваат автобускиот превоз преку воведување на билет од 120 денари. Уште во првите недели по поставувањето раководството на ЈСП бара помош од Влада, очигледно неспособно да се справи со предизвиците.
ЈСП е под надлежност на Град Скопје и помош прво треба да побара од Градот и градоначалничката Арсовска. Владата веќе му помогна на ЈСП со тоа што даде гаранција за заемот од 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој за имплементриање на Бас рапид транзит системот. Арсовска заради лични каприци реши да го прекине овој проект кој треба сериозно да го унапреди квалитетот на јавниот превоз во главниот град. Наместо да го продолжи проектот за кој се обебзедени средства, проект кој е целосно еколошки и ефикасен, Арсовска ги лаже скопјани дека ќе воведе бесплатен превоз дури за две години отсега.
Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не се способни ниту да управуваат успешно со ЈСП а не пак да донесат 250 нови автобуси и да воведат бесплатен јавен превоз. Со прекинување проекти, со кратење средства за животна средина, понитување огласи и партизација на администрацијата, Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ уште во првите месеци покажаа дека немаат намера да се грижат за граѓаните, туку единствено за своите лични и партиски интереси, порачаа од СДСМ.