СДСМ ги кандидира Сугарески за Прилеп, Филиповски за Аеродром


Вицепремиерот Љупчо Николовски вечерва на прес конференција соопшти уште 16 имиња на кандидати за градоначалници, кои според него ќе  му донесат победа на СДСМ на претстојните локални ибори.

Ова се кандидатите:

Горан Сугарески – Прилеп

Сашо Велков – Свети Николе

Душко Велковски – Карпош

Хемди Алезмовиќ – Тетово

Александар Филиповски – Аеродром

Сашо Стојановски- Сопиште

Дарко Блажевски – Јегуновце

Горан Тодоров – Кавадарци

Влатко Бојковски – Кратово

Горан Крстев- Чешиново-Облешево

Виктор Ангелов – Зрновци

Александар Тодоровски – Илинден

Стевче Митревски – Демир Хисар

Звонко Ангелов -Ново Село

Ненад Коциќ -Велес

Мирко Стојановски – Брвеница

Николовски беше прашан и дали навистина претходната вечер имало жестока дебата околу кандидатурите на можните градоначалници и која ќе биде функцијата на актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стефан Богоев.

– Немало жестока дебата туку дебата за секоја општина пединечно, со сите истражувања. Во некои ги повторуваме кандидатите, во некои СДСМ победува со било кој кандидат. Вчера се дискутираше за сите политики за тоа дека кандидатите на СДСМ мора да ги прифатат политиките за кои се бориме, а тоа се НАТО, ЕУ… А Стефан Богоев влегува во одговорностите кои ги има Владата, органи на Владата, институции… – рече Николов без да соопшти која функција го чека Богоев.

Сите овие кандидати, рече тој, се убедливи фаворити на локалните избори.

-Кандидати кои што се блиски до граѓаните, чесни, одговорни, истакнати, искуни, но и млади и почитувани во своите средини, вредни, со конкретни планови и решенија, секој за својата општина. Дури 12 од овие 16 кандидати кои денеска ги објавуваме се нови имиња на пример во Аеродром, Карпош, Велес, Прилеп, Кавадарци, но и Илинден, Демир Хисар, Тетово…, голем дел од нив се млади и перспективни и како што кажав најголем дел од нив воопшто немале можност и шанса да бидат кандидати и да партиципитаат на градоначалничката фунцкија, рече Николовски.

Во изминатите 4 години, според него, СДСМ реализирале над 7.000 проекти на локално и централно ниво и ќе продолжат така. 

-Направивме и реконструиравме преку 1.000 километри патишта, над 500 километри водоводи и канализација, 80 училишта, 59 градинки, 50 објекти на полицијата, над 30 здравствени установи, рече Николовски.