СДСМ бара одговор од Даштевски како се нашол на списокот на ВМРО-ДПМНЕ


Даниела Николова, пратеничка на СДСM побара одговор од претседателот на ДИК, Александар Даштевски, како неговото име се нашло на документ на ВМРО-ДПМНЕ со кој се даваат задолженија за влијание на гласачи. 

„Скандалот со лажните анкети и документите од оперативниот план на ДПМНЕ отвораат уште еден аспект, директно поврзан со изборниот процес. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски е наведен како задолжено лице, заедно со други лица, за неопределени гласачи, обезбедување избирачки список“, вели Даниела Николова, посочи денес Николова.

„Согласно сите законски прописи, претседател на ДИК не може и не смее да учествува во партиски активности, а никако нема право да се меша во предизборни активности на било која партија.Ова е основано сомневање и за кривично дело. Очекуваме одговори од претседателот на ДИК, Александар Даштевски“, соопшти Николова.

Од ВМРО-ДПМНе тврдат дека документот е фалсификуван и најавуваат тужба, а од СДСМ најавија дополнителни докази кои ќе ја потвдат вистинитоста. Во документот што беше повод и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,Христијан Мицкоски да реагира на вчерашниот митинг се гледа дека во рамките на предизборните активности е планирано ширење лажни вести и обезбедување избирачки списоци за да се утврдат имињата на неопределените. Оваа афера е потсетување на славната изјава на Гордана Јанкуловска како министер за вантрешни работи за ВМРО-МВРО во врска со тајниот и јавниот штаб во оваа институција околу изборите.