СДСМ бара Мицкоски да ги објави приватните сметки за патувањето на синот


Христијан Мицкоски со синот (прв од лево) беше во универзитетот Џон Хопкинс

Мицкоски веќе два дена се крие и не одговара на прашањата на граѓаните и јавноста во однос на патувањето на синот во Вашнгтон како дел од делегацијата на Владата. МНР невешто се обидува да го брани Мицкоски кој се крие, а може со само една постапка да ги отфрли сите обвинувања – да ги објави сметките со кои тврди дека приватно го платил патувањето на синот, реагираат од СДСМ, откако претходно ВМРО-ДФПМНЕ побара лидерот на СДСМ Венко Филипче да објави уплатници за аудито што го вози, а не е пријавено во анкетниот лист.

-Мицкоски го започна мандатот ветувајќи транспарентност и чесно работење, а сега очигледно е дека за приватни фамилијарни патувања користи државни пари. Ова е типичен пример за лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ, едно зборуваат друго прават.

ВМРО-ДПМНЕ ја крие и листата на делегацијата од преку 20 луѓе кои патувале во САД, очигледно една од причините е синот на Мицкоски. СДСМ ќе поднесе барање за  пристап до информации од јавен карактер, да се види листата и да се дознае вистинат, порачаа од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак на легитимното прашање одговорија со контранапад и закани место со презентирање на документите.

– Венко Филипче да ги даде уплатниците за џипот, и да каже како го набавил со плата. Венко Филипче може да се види како се вози во луксузно Ауди Q8, кое го нема пријавено ниту во својот анкетен лист. Венко Филипче мора да каже како го платил луксузниот џип, и како успеал тоа да го стори со плата? Доколку џипот не е на негово име, Филипче да каже што услуга завршил на тој што го купил истиот.Никој не купува нов џип од стотици илјади евра и го дава на возење на некој друг, и сосема случајно тој друг да е поранешен министер за здравство и лидер на опозициска партија.Филипче да не се крие зад партијата, да излезе и да ги покаже уплатниците за џипот, ако ги нема да каже кој му го купил и зошто. Филипче мора да знае дека тоа што е претседател на политичка партија нема да го спаси од одговорност, се заканија од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, место Мицкоски, на барањата на СДСМ вчера одговори Министерството за надворешни работи.

-Делегацијата на Самитот на НАТО беше точно определена од страна на Алијансата и таа броеше вкупно 21 член, согласно протоколите на НАТО. Притоа, потенцираме дека Јован Мицкоски, синот на претседателот на Владата, не беше еден од членовите на делегацијата, иако имаше покана за придружба од член на семејството. Истовремено информираме дека за патувањето на Јован Мицкоски не се потрешена средства од буџетот на Република Северна Македонија, порачаа од МНР без да приложат документи.