Сателитски снимки од уништувањето на Мариупол


 

Москва упорно тврди дека руските војски не напаѓаат цивилни цели, туку само воена инфраструктура. Тоа денеска го тврдеше и министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, по неуспешните разговори со неговиот украински колега Дмитро Кулеба. Иако телевизиските снимки и фотографиите покажуваат драматични сцени од разурнувањата на цивилни објекти – болници, училишта, молови, станбени згради.

Еве сателитски снимки на три места од јужниот град Мариупол кој е под најжестоко гранатирање од сите украински градови и каде има најмногу цивилни жртви. Едните снимки се од 2020 година, за време на мирниот живот, а другите од средата 9 март.