Саркози пишува мемоари за 20-те дена во затвор

Мемоарите насловени како „Дневникот на затвореникот“ ќе бидат објавени на 10 декември


Никола Саркози и неговата сопруга Карла Бруни кога тој одеше во затвор на 21 октомври

Париз– Поранешниот француски претседател Никола Саркози помина 20 дена во затвор пред да биде ослободен во исчекување на жалба, а сега објави дека ќе објави книга за своето време зад решетки.

Мемоарите, насловени како „Дневник на еден затвореник“, ќе бидат објавени на 10 декември и ќе бидат долги 216 страници, според издавачот Фаџард.

Бидејќи Саркози помина само 20 дена зад решетки, тој ќе го опише секој ден во затвор на близу 10 страници, судејќи според објавениот број страници.

Исто така, како што истакнаа француските медиуми, треба да се земе предвид дека Саркози го поминал своето време зад решетки во еден вид „елитен“ затвор, кој во однос на условите е многу подобар од стандардите на другите институции од овој тип во Франција.

Саркози беше осуден за учество во злосторничко здружение поврзано со примање нелегални донации за кампањата од либискиот лидер Моамер Гадафи.

Тој доби вкупно пет години затвор, а казната почна да ја отслужува кон крајот на септември. Беше ослободен од затвор на 10 ноември, а за неговата жалба ќе се одлучува во март 2026 година.