Санкционирани 50 мотоциклисти во Скопје


Фото: Б. Грданоски

 Во рамки на денешната зајакната акциска контрола што ја спроведе полицијата од 10:00 до 18:00 часот, на територијата на СВР Скопје се санкционирани 50 мотоциклисти.

Од нив, како што соопшти МВР, 24 не носеле кацига, шест возеле без возачка дозвола, а одземени се и три мотоцикли согласно член 344 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Притоа, санкционирани се и други прекршоци.

-Засилените акциски контроли продолжуваат. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите за заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелира МВР.