Самитот за климата стана пи-ар катастрофа за Египет

Местото на самитот било преплавено со отпадна вода, на коференцијата немало доволно храна за учесниците, а некои од нив биле будени среде ноќ од египетските служби - за да ги покажат документите.


ШАРМ ЕЛ ШЕИК, Египет, земја позната по моќната река Нил, не очекуваше дека протокот на отпадна вода, што го поплави местото на конференцијата COP27, ќе  искрата што  настанот ќе го претвори во кошмар за односи со јавноста. Домаќинот на конференцијата требаше да го прикаже Египет како амбициозен шампион во обновливите извори на енергија, туристичка дестинација и сигурен меѓународен актер. Самите разговори, одржани во туристички град покрај плажа, требаше да го поттикнат глобалниот одговор на климатските промени.

Наместо тоа, највисоките функционери од Европа и од други места ги испитуваат извештаите дека младинските делегати биле оставени без кревети, изложени на изнуда, принудени да спијат во соби без брави и се разбудиле ноќе од произволни барања за документи – сето тоа како учесници во програма спонзорирана од египетското Министерство за млади и спорт.
Од Ханс фон дер Бурчард

Според три лица запознаени со ситуацијата, околу 80 младински делегати, кои платиле по околу 700 долари за нивното сместување, пристигнале во нивниот хотел доцна во саботата за да увидат дека или немаат соби или од нив се бара да платат дополнителен надомест од 300 долари.По повеќечасовни преговори, некои беа принудени да најдат ново сместување во раните утрински часови. Оние кои конечно влегле во нивните соби – во некои случаи откако се согласиле на дополнителната такса – ги нашле валкани и со само четири кревети за шест или седум лица. Неколку биле принудени да спијат во соби без брави и биле разбудени од мажи кои влегувале и ги барале нивните пасоши.

Египетските организатори  сега се под силен дипломатски притисок поради ситуацијата, откако клучните преговарачи мораа да ги напуштат разговорите – за да се осигураат дека нивните младински делегати се безбедни. ЕУ и другите делегации ја искажаа својата загриженост на  египетската влада, рече главниот советник на ЕУ за меѓународна климатска политика Џејкоб Верксман. Еегипетските власти рекоа дека „работат речиси еден час“ за да ги решат проблемите.

„Претседателството на конференцијата интервенираше преку владини претставници “, им рече на новинарите Ваел Абулмагд, специјалниот претставник на Египет  на COP27. „Знам дека проблемите се случија, барем во еден случај, кога луѓето беа замолени да го напуштат хотелот. Упатството, можам да ве уверам од највисокото ниво на власта, беше тоа да не се случува, не треба да се случи и  нема да се случи“.

Организаторите ,исто така, беа критикувани поради недостиг на храна и вода на конференцијата – при што некои делегати забележаа дека разговорите изгледале како да се симулација на лишување од  храна и игри со глад, со кои климатските промени им се закануваат на милиони луѓе. Во четвртокот организаторите сепак ги намалија цените на храната на половина. Пијалоците беа бесплатни – што значи дека делегатите повеќе немаа потреба да плаќаат за шишињата Кока-Кола, официјалниот спонзор и најголемиот пластичен загадувач на земјата.

Криза за човекови права

Имаше одреден степен на симпатии меѓу делегатите за напорите на Египет да биде домаќин на конференцијата, а истовремено да се соочува со голема прехранбена и економска криза. Дури и најбогатите земји се борат со притисокот да бидат домаќини на големи дипломатски настани во кои учествуваат околу 30.000 или повеќе делегати кои доаѓаат во градот домаќин.

„Мислам дека луѓето гледаат дека го направивме најдоброто што можевме како земја во развој, за да подготвиме место за да ги зближиме луѓето  и за да успееме“, рече Абулмагд.

Но, таа симпатија во голема мера пресушува кога станува збор за досиејата за човековите права на египетската влада. Повеќе групи за права го опишаа египетскиот претседател Абдел Фатах Ел-Сиси, поранешен воен генерал, како авторитарен владетел кој ги затвори критичарите и ги прекина протестите.

„Го држиме COP среде климатска криза, среде криза со човековите права“, рече Ањес Каламар, генерален секретар на Amnesty International. „Ова не е само еден или два незаконски притвори, тоа се илјадници незаконски притвори. Ова е најголемиот затвор на планетата во моментов за политичко несогласување“.

POLITICO разговарашеи со аналитичарите кои рекоа дека официјалната апликација за  COP27, за  која владата ги охрабри делегатите да ја преземат, е „сајбер оружје“ што може да им овозможи на властите да слушаат приватни разговори и да пристапуваат до шифрирани текстови и е-пошта. Абулмагд го негираше ова и инсистираше на тоа дека тоа е „технички невозможно“ поради контролата што продавниците за апликации на Google и Apple ја поставуваат на производите.

Критиките за задушувањето на политичкото несогласување од страна на египетската влада се концентрираа на третманот на затворениот активист Ала Абд Ел-Фатах, кој го засили повеќемесечниот штрајк со глад што се совпадна со првиот ден од самитот.Случајот беше во фокусот на голем дел од глобалното медиумско покривање на COP27, особено во Обединетото Кралство кадее политичкиот активист има двојно државјанство. Премиерот на Обединетото Кралство Риши Сунак, заедно со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот Олаф Шолц, се залагаа за Ел-Фатах на состаноците  со Ел-Сиси.Во четвртокот, египетските власти ја известија мајката на Ел-Фатах дека „медицински интервенирале“ за да го спасат неговиот живот.

Во изјава за ПОЛИТИКО, братучедот на Ел Фатах, Омар Хамилтон, рече дека судбината на активистот „зависи“ од посетата на американскиот претседател Џо Бајден, кој пристигнува во Шарм Ел-Шеик во петок.Американските власти рекоа дека ќе разговараат за човековите права со Ел-Сиси и дека американската влада е „загрижена за тој случај и за пријавената состојба на неговото здравје“.

Запрашан за случајот, Абулмагд од COP27 рече: „Ние директно се ангажиравме и дадовме целосно објаснување за многу од наводите што беа изнесени“. Тој истакна дека сестрата на Ел-Фатах, Сана Сеиф отпатувала на самитот и одржала јавни настани за да се залага за нејзиниот брат, од кои еден бучно го прекинал египетскиот пратеник Амр Дарвиш.

Присуството на Сеиф беше „дел од слободата на говорот“, рече Абулмагд. „Но, во исто време, иако тоа е важно прашање… не сакаме да го изгубиме фокусот на климатската катастрофа што убива луѓе ширум светот“. Тој ја посочи историската одлука донесена во неделата да се одржат разговори за финансирање на закрепнувањето од климатските катастрофи како огромен благодет за конференцијата.

Запрашан од ПОЛИТИКО дали прашањата во врска со човековите права ја загрижија владата за имиџот на Египет, Абулмагд рече: „Досега мислам дека нашите резултати се добри“.

Активистите за човекови права тврдат дека климатските промени и правдата се нераскинливо поврзани. Дури и ако Египќаните навистина не веруваа во тоа, треба барем поубедливо да се преправаат дека веруваат, рече Каламар.

„Ако не го сторат тоа од сочувство, треба да го сторат од сопствен интерес“, рече таа, предупредувајќи дека ако Ел-Фатах умре, „можам да ве уверам дека никој нема да се сеќава на COP27 на кој било друг начин историски освен поради неговата смрт“. (Политико)