Салман Ружди повторно кандидат за Букерова награда
Англија- Поранешните добитници на Букерова награда, Салман Ружди и Маргарет Атвуд повторно се номинирани за престижната награда во жанрот фикција.
Ружди освои Букерова награда во 1981 година за книгата „Midnight’s Children“ („Деца на полноќта“), а годинава е номиниран за романот „Quichotte“.
Атвуд во 2000 година победи со книгата „Blind Assassin“ („Слеп убиец“), а годинешната номинација ја заработи со книгата „Testaments“, продолжение на „Handmaid’s Tale“ („Приказната на Робинката“).
Имињата на шесте финалисти ќе бидат објавени на 3 септември, а победникот ќе биде прогласен на 14 октомври. Наградата е основана во 1969 година и изнесува 50.000 фунти. Се доделува на писатели од целиот свет кои творат на англиски јазик.
13 писатели и книги и номинирани за наградата: Маргарет Атвуд, „The Testaments”, Кевин Бери, “Night Boat to Tangier”, – Ојинкан Бретвејт, „My Sister, The Serial Killer”, Луси Елман, „Ducks, Newburyport”, – Бернадин Еваристо, “Girl, Woman, Other”, Џон Ланкестер, “The Wall”, Дебора Леви, “The Man Who Saw Everything”, Валерија Лусели, “Lost Children Archive”, Чигози Обиома, “An Orchestra of Minorities”, Макс Портер, “Lanny”, Салман Ружди, “Quichotte”, Елиф Шафак, “10 Minutes 38 Seconds in This Strange World” и Џенет Винтерсон, “Frankissstein.”
Петте најпрестижни литературни награди во светот, покрај Букеровата се и Нобеловата награда за литература, Пулицеровата награда за проза, Гонкуровата и Хјуго и Оринџ наградите .