Сакале да му ја затворат кафеаната, тој се расправал со полицајците
Вчера во 22.50 часот во угостителски објект во село Брвеница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Д.К.(62) и Н.С.(48) од с. Голема Речица , тетовско, бидејќи при спроведена акциска контрола, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, а во врска со почитување на Протоколите за отворање и работа на кафитериите и угостителските објекти за исхрана донесени од Владата за мерки и спречување на внесување и ширење на корона вирусот, било констатирано дека истите не биле почитувани од Д.К. кој бил сопственик на угостителскиот објект.
Со тоа постоело основано сомнение дека сторил кривично дело – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ казниво по чл.206 од КЗ, додека Н.С. одбивал да се легитимира, ги омаловажувал полициските службеници и при извршен претрес кај него бил пронајден нож. По целосно докумнетирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.