САД: Тројца клучни републикански сенатори инфицирани од Ковид-19


ВАШИНГТОН – Двајца републикански членови на Комитетот за правосудство во Сенатот имаат позитивен тест за корона вирус, покренувајќи прашања во врска со претстојните рочишта за потврда на судијката Еми Кони Барет во Врховниот суд.

Сенаторот од Северна Каролина, Том Тилис и сенаторот од Јута, Мајк Ли, и двајцата во петокот изјавија дека биле позитивни на тестот за вирусот. Двајцата присуствуваа на церемонијата за Барет во Белата куќа на 25 септември со претседателот Доналд Трамп, кој во петокот објави дека има позитивен тест и подоцна е хоспитализиран во Националниот воено-медицински центар „Валтер Рид“.

Ли, кој не носеше маска на настанот во Белата куќа, рече дека имал „симптоми во согласност со долгогодишните алергии“. Тилис, кој носеше маска, рече дека нема симптоми. Двајцата рекоа дека ќе стават во карантин 10 дена – завршувајќи непосредно пред сослушувањата за потврда на Барет да започнат на 12 октомври.

Уште еден републиканскиот сенатор Рон Џонсон, кој е претседател на Комитетот за внатрешна безбедност и владини работи на Сенатот, е позитивен на Ковид-19, изјави портпарол во саботата.

Портпаролот рече дека Џонсон „се чувствува здрав и не чувствува симптоми“, но ќе остане во изолација сѐ додека лекар не каже поинаку. (АП)