САД се соочуваат со навала на мигранти, вчера стотина ја урнале жицата


ЕЛ ПАСО, ТЕКСАС – Група од над 100 мигранти се обидела вчера илегално да влезат во САД со уривање на граничниот ѕид во четвртокот, пробивајќи ја жицата и соборувајќи ги чуварите. The Post претходно беше сведок на околу 600 мигранти собрани на меѓународната граница, како дел од „пролетниот бран“ на мигранти кои пристигнуваат и се надеваат дека ќе добијат пристап до САД.

Националната гарда на Тексас се обидела да ги организира во помали групи, но ситуацијата станала напната откако некои жени и деца беа одделени од возрасните мажи од страна на чуварите.Можеше да се види група мажи со дуксери, ракавици и зимски јакни како се  пробиваат низ жицата, додека група од пет чувари формираа одбранбена позиција за да ја пополнат празнината.

На настанот реагираше и поранешниот потпретседател на САД, Мајк Пенс, со зборовите : „Доста е! Да ја затвориме границата“.

<iframe width=”1189″ height=”669″ src=”https://www.youtube.com/embed/EAqAA_Y9hY0″ title=”Migrants break barriers and rush border guards in shocking scene at El Paso” frameborder=”0″ allow=”accelerometer; autoplay; clipboard-write; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture; web-share” allowfullscreen></iframe>

Американските власти обработиле околу 300.000 луѓе на границата на САД со Мексико во декември, што би било највисоката бројка досега забележана, според повеќе новински организации.Тие проценки сугерираат дека првите три месеци од фискалната 2024 година, кои започнаа во октомври, ќе постават рекорд. Експертите велат дека повеќе фактори gi privlekuvaat  мигрантите – многумина од Азија, Африка и Блискиот Исток – да дојдат на границата со САД, или легално, како баратели на азил или нелегално.

Пограничните средби на рекордно ниво се случуваат кога САД влегуваат во година на претседателски избори во која се очекува темата за имиграцијата да игра главна улога.
Mногу мигранти кои пристигнуваат на границата се „истуркани“ од нивните земји поради економски и политички потреси, природни катастрофи и други кризи. На пример, колапсот на венецуелската економија во изминатата деценија протера околу 8 милиони луѓе од таа земја. Додека многумина најдоа засолниште во други јужноамерикански земји, како што е Колумбија, стотици илјади го направија долгото и опасно патување до САД.

Други фактори се и силата на економијата на земјата, која во моментов има две отворени работни места за секој Американец што бара работа. Растечката професионализација на организациите за криумчарење луѓе, исто така, направи коцката со миграцијата да изгледа попривлечна, а ожноста Трамп да биде реизбран во 2024 година, охрабрила многу мигранти да се обидат да ја преминат границата пред да можат построгите мерки за имиграција да стапат на сила.