САД: Најголем број на случаи на морбили од 1992 година


Во првите пет месеци од годинава во САД се регистрирани 971 случај на мали сипаници (морбили), што е најголем број од 1992 година, кога биле евидентирани 963 случаи, соопштија денеска американските власти.

Во 2000 година болеста официјално беше прогласена за искоренета.

Најголем дел од заболените се деца на училишна возраст, чии родители одбиле да ги вакцинираат.

– Морбилите можат да се спречат, а начинот за спречување на нивно избивање е да се осигура дека сите деца и возрасни кои можат да се вакцинираат се вакцинирани, изјави директорот на Центарот за контрола и превенција на болести Роберт Редфилд.

Пред вакцинацијата да стане задолжителна, во САД од мали сипаници годишно заболуваа три до четири милиони луѓе годишно, а 400 до 500 лица умираа.