САД најави вакцина против Ковид-19 непосредно пред изборите


САД – САД ги повикаа државите да се подготват за потенцијална употреба на вакцината против Ковид-19 два дена пред претседателските избори. Веста не дојде од самите САД, туку од Франција, која најави план за економските расходи по епидемијата на коронавирус, јави БГНЕС.

Земјите ширум светот се борат да ја пуштат во оптек првата вакцина против коронавирусот, од кој досега починаа 850.000 луѓе, а заразени се повеќе од 25 милиони.

Во писмо, испратено од американскиот Центар за контрола и превенција на болести, тие побараа од државите да ја намалат бирократијата што може да спречи дистрибуција на вакцините, со наредба таа да биде целосно оперативна до 1 ноември 2020 година.