САД ќе ѝ даваат на Украина разузнавачки податоци за метите на енергетската инфраструктура

САД ќе ѝ даваат на Украина разузнавачки податоци за метите на енергетската инфраструктура во внатрешноста на Русија, изјавија двајца функционери, додека Вашингтон размислува да го снабди Киев со проектили со долг дострел со кои би можел да изведува такви напади. САД побарале од сојузниците од НАТО да обезбедат слична поддршка, рекле функционерите, потврдувајќи го написот на „Вол стрит џурнал“.
Вашингтон долго време споделува разузнавачки информации со Украина, но „Вол стрит џурнал“ објави дека на Украина сега ќе ѝ биде полесно да гаѓа руски рафинерии, цевководи и електрани.
„Ова е првпат САД да обезбедат помош во украинските напади врз енергетски цели длабоко на руска територија“, изјавија официјални лица за „Вол стрит џурнал“.