САД: Кандидатот за министер за трговија ќе ја преиспита забраната за извоз на лесно оружје


 Кандидатот за министер за трговија на САД, Хауард Латник, номиниран од претседателот Доналд Трамп, најави дека ќе ги разгледа ограничувањата за извоз на лесно вооружување, воведени од администрацијата на Џо Бајден во 2024 година. Рестрикциите на извозот на огнено оружје беа насочени кон ограничувања на странските криминални групи кои набавуваат американско оружје.

Во писмена изјава, Латник истакна дека, доколку биде потврден на функцијата, ќе се погрижи Министерството за трговија да ја преиспита оваа политика и да преземе соодветни чекори.

Неговата изјава е одговор на критиките од сенаторот Ерик Шмит, кој оцени дека овие ограничувања ѝ нанеле штета на американската индустрија, со загуби од стотици милиони долари годишно.