САД го стопираат производството на авионот „Боинг 747-8“
САД – Американската компанија „Боинг“ нема повеќе да го произведува познатиот модел на авиони „Боинг 747-8“, објави агенцијата Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори од компанијата.
– Последните авиони „Боинг 747-8“ ќе излезат од фабриката во близина на Сиетл за околу две години, одлуката се уште не е официјално објавена, а може да биде сменет рокот, наведува „Блумберг“.
Агенцијата посочува дека последниот модел на „Боинг 747-8“ не постигна комерцијален успех бидејќи авиокоманиите преминаа на модели со два мотори за долги десетинации. Економскиот пад поради коронавирусот сега дополнително ја усложнува продажбата на авиони.
Првиот лет на „Боинг 747“ бил во 1969 година, а од следната година авионот влегува во редова експлоатација. Вкупно се произведени над 1.500 авиони со различни модификации.