Саакашвили пропаднат до непретпознатливост во затворот во Грузија


Микаил  Саакашвили, поранешниот претседател на Грузија и политички затвореник, буквално умира полека, додека актуелните грузиски власти негираат дека нешто воопшто се случува околу неговата состојба. На Твитер денес беше објавена неговата последна фотографија од судењето на кое тој  учествуваше онлајн и од која се виде дека неговата состојба е застрашувачка, како да служи во Аушвиц – до толку што не се препознава дека е истиот политичар ако се спореди со фотографиите пред затворањето.    

Саакашвили, кој беше претседател на Грузија од 2004 до 2013 година, отслужува шестгодишна затворска казна за злоупотреба на власта, обвинение за кое тој и неговите поддржувачи велат дека е политички мотивирано. Во грузија на власт е гарнитура која е проруска наспроти мнозинството граѓани кои одржаа невидени досега по масовност протести за таквата политика. 

Неговиот медицински тим вели дека неговото здравје значително се влошило откако отишол во затвор во октомври 2021 година и организирал повеќекратни штрајкови со глад во знак на протест поради неговото затворање.