Ружа
ЛЕЈЛА САБИТ
Цвеќето е како жената.
Изгледот може да ве излаже.
Убава на површина, а колку повеќе ја запознавате, и ги откривате боцките.
Кога е млада е како пупка, а кога старее почнува да и паѓаат латиците.
Едноставна, ама сложена за одгледување.
Ако и посветувате внимание и ѝ се восхитувате, ќе процвета.
Ако ја запоставувате, ќе овене.
Може да биде нежна, деликатна и ретка.
Уникатна, скапоцена и егзотична.
Природна, вештачка или отровна.
Со мирисот може да ве привлече или да ве одбие.
Или е ружа или е фикус во вашиот дом.
Цвеќето како и жената е мит и заблуда.
Опеана, раскажана, насликана, воздигната, проколната, шири завист, љубомора, инает, беше ружа, сега веќе не си.
Не секој маж што подарува цвеќе е џентлемен.
Ниту пак секоја жена е цвеќе за мирисање.
Тешко е да изберете цвеќе, како и жена.
Битни се потеклото, пригодата и колку е прилагодлива.
Па сепак, бидете и поддршка и грб на жената.
Не само денес, на 8 март, туку секој ден во годината.
Иако, велат, цвеќето нема грб.
Нека ни е честит Меѓународниот ден на жената!