Руското вселенско летало Сојуз МС-22 се враќа на Земјата во март
Товарното вселенско летало Сојуз МС-22 со оштетен надворешен радијатор ќе се врати на Земјата во беспилотен режим во март, објави денеска руската државна вселенска корпорација Роскосмос.
„Сојуз МС-22 ќе се врати дома во март 2023 година“, објави корпорацијата на својата профил на каналот за пораки Телеграм.
Кон крајот на минатата година, извршниот директор на Роскосмос за вселенски програми со екипаж Сергеј Крикалев изјави дека радијаторот на леталото можеби бил погоден од микрометеороид.
Според извештаите, површината на одделот за инструменти и опрема на вселенското летало Сојуз МС-22 била оштетена, а вселенската прошетка беше прекината по инцидентот.
Температурите во внатрешноста на леталото се движат меѓу 28 и 30 степени Целзиусови и не ги надминуваат прифатливите нивоа, така што ништо не ја загрозува безбедноста и удобноста на екипажот, изјави тогаш Рокосмос.