Рускиот технолошки гигант Yandex рече дека е пред банкрот
Компанијата, која често се нарекува „руски Гугл“ поради големината и обемот на услугите, е суспендирана од тргување на дигиталната берза во Њујорк
Рускиот технолошки гигант Yandex предупреди во четвртокот дека може да банкротира откако беше суспендиран од тргување на дигиталната берза во Њујорк.
Насдак и Њујоршката берза оваа недела ги запреа сите котирања на руски компании додека не објаснат како ќе бидат погодени од санкциите воведени од Соединетите Држави и нивните сојузници по инвазијата на Москва на Украина.
Во соопштението за печатот објавено во четвртокот, Yandex, кој е со седиште во Холандија, но главните канцеларии му се во Русија, рече дека не е предмет на санкции.
Сепак, компанијата, која често се нарекува „руски Гугл“ поради големината и обемот на услугите, соопшти дека доколку биде суспендирана повеќе од пет дена, одредени сопственици на обврзници ќе можат законски да го откупат својот долг со камата.
Насдак, како одговор на прашање на АФП, рече дека листата на Yandex „останува суспендирана“.
Во 2021 година, Yandex заработи околу 356 милијарди рубли – околу 4,77 милијарди, во декември.
Групацијата ги диверзифицираше своите производи во последниве години и сега нуди услуга за превоз и испорака на намирници.
Во меѓувреме, Гугл и Јутјуб најавија дека целосно ќе престанат да продаваат онлајн реклами во Русија.
„Со оглед на вонредните околности, го запираме рекламирањето во Русија“, ја цитира Ројтерс изјавата на компанијата, додавајќи дека ситуацијата брзо се менува.
Твитер и Снеп веќе презедоа сличен чекор.