Руски гувернер до мајките на загинатите: Тие им припаѓаат на државата
Гувернерот на рускиот регион Иркутск, Игор Кобзев, порача дека руските војници кои загинаа во борбите во Украина „им припаѓаат на државата“, Контроверзниот истап на 56-годишниот челник на регионот сместен во југоисточен Сибир се случил во текот на состанокот со мајките на загинатите војници, пренесе „Москва тајмс“.
„Од сега не ми припаѓаш мене, ѝ припаѓаш на државата, на таковината. Со чест и големо разбирање го предавам 18-годишников во служба на Оружените сили и тој сега е во рацете на државата“, ги цитираше зборовите кои неговата мајка ги упатила кога се запишал на воена академија.
Кобзев на состанокот додели медали на мајките на загинатите војници и нагласи дека само 28 жители на неговиот регион загинале во Украина. Но, независните медиуми кои водат евиденција за загинатите руски војници тврдат дека 122 војници од регионот Икуртск загинале од почетокот на руската инвазија.
Независните медиуми успеаја да потврдат имиња на 9.000 руски војници убиени во Украина. Руската војска официјално признава помалку од 6.000 мртви покрај големите неуспеси во својата деветмесечна инвазија. Проценките на американските високи функционери зборуваат за 100.000 загинати, исчезнати или тешко повредени руски војници.