Руската Дума усвои драконски казни за ширење „лажни информации“ околу инвазијата
Руската Дума усвои закон со кој драконски ќе се казнува „ширењето на свесно лажни информации“ за дејствијата на руската војска. Со законот се воведува нов член во Кривичниот законик. Максималната казна за тоа е 15 години затвор.
Претседателот на Државната дума Вјачеслав Володин рече дека законот ќе биде разгледан од Советот на Федерацијата на 4 март и веднаш ќе биде испратен на потпис до претседателот Владимир Путин.
Истиот закон воведува казна за „дискрредитирање на употребата на руските вооружени сили со цел заштита на интересите на Руската Федерација и нејзините граѓани, одржување на меѓународниот мир и безбедност“, како и повикување на санкции против Русија.