Русите имаат нов товарен дрон – ТРАМП


Вооружените сили на Рур воведуваат ново беспилотно летало (UAV) наречено TraMP (Transport Aviation Multipurpose Platform), а кратенката веќе неофицијално се користи бидејќи погодно се совпаѓа со името на новиот американски претседател.

Товарниот дрон е дизајниран да обезбедува транспортна и логистичка поддршка за време на воените операции на првите линии. Беспилотното летало моментално е на копнено тестирање, а првите оперативни тестирања и тестови за летање ќе бидат спроведени напролет.

Тековното тестирање е фокусирано на контролните системи, а инженерите го усовршуваат дизајнот за да се осигураат дека ги исполнува сите очекувања за перформансите.

TraMP е товарен дрон дизајниран за транспорт на товар на долги растојанија, дури и во неповолни услови. Има модуларен дизајн, кој овозможува брзи поправки и одржување на терен. Клучните компоненти како што се крилата, моторите или опремата за слетување може да се заменат на лице место.

Агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на извор од воено-индустрискиот комплекс, известува дека уредот може да носи товар до 250 килограми на растојание од 600 километри. Дронот има товарен простор со волумен од 2650 литри, што овозможува не само транспорт, туку и спуштање на товар со падобран до одредена точка.
Брзината на дронот е 195 километри на час, а максималната висина на летот е 3.000 метри.

TraMP може да транспортира стока до тешко достапни локации, да служи како комуникациско реле за борбени беспилотни летала или дури и како платформа за лансирање на мали беспилотни летала FPV (First Person View) кои извршуваат тактички мисии.