Русите го ограбиле и Чернобил


За време на окупацијата на Киевската област, руските сили го ограбија имотот на лабораторијата во Чорнобил во вредност од 135 милиони долари.

Притоа, тие украле 698 компјутери, 344 автомобили, 1.500 дозиметри на радијација и  речиси сите противпожарни апарати од нуклеарната централа Чорнобил, изјави Јевхен Крамаренко, директор на зоната за исклучување.

Русија исто така уништила 24.000 километри патишта во Украина од 24 февруари. Според украинската државна агенција за изградба на патишта Укравтодор, Русија уништила и 300 мостови во Украина од почетокот на нејзината сеопфатна војна.