Русија заработува повеќе од злато отколку од гас


Приходите од извоз на злато во Русија по прват ги надминаа средствата добиени од продажбата на гас, покажуваат податоците на Федералната царинска служба и Централната банка.

Во април и мај руските компании продадоа 65,4 тони злато за 3,55 милијарди долари.

Во истиот период, „Газпром“, кој има монопол на извозот на сурова нафта, реализирал продажба во износ од 2,4 милијарди долари. Според Централната банка, тоа е најниска вредност за еден квартал од 2002 година.

Според експертот Максим Кудалов, таквата состојба во историјата на модерната Русија се јавува по првпат. Тој забележува дека од 1994 година, извозот на гас традиционално носи повеќе приходи од продажбата на злато.