Русија во херметичка изолација – забранет и Твитер


Рускиот државен медиумски регулатор Роскомнадзор го ограничи пристапот до Твитер, потврди денеска новинската агенција Тасс.

Земјата во речиси целосна онлајн изолација додека инвазијата на Москва на Украина продолжува.

Аналитичарка за глобални прашања на Си-Ен-Ен, Бијана Голодрига, напиша:

„И Твитер си оди од Русија. Земјата е исклучена од светот. За една недела нација од 145 милиони – херметички затворена. Без да има приговор на Думата за Путин. Тие ја одобрија неговата ‘специјална операција’ во Украина и неговата масовна репресија и цензура дома“.