Русија вели дека двајца цивили се убиени во напади со украински дронови

Една жена е убиена, а друга е сериозно повредена за време на ноќен напад со дронови во рускиот црноморски туристички град Сочи, соопштија денеска руските власти.
Жената починала откако била погодена од паднати остатоци, според регионалниот кризен центар.
Еден цивил е убиен во руско-окупираниот регион Донецк во источна Украина за време на украински напад врз станбена област, соопшти руската окупациска администрација.
Информацијата не можеше да биде независно потврдена. Украинските власти не ги коментираа инцидентите.
Доцна вчера, руското Министерство за одбрана соопшти дека над 20 беспилотни летала биле соборени над Црното Море, Азовското Море и регионот Краснодар во јужна Русија.
Во меѓувреме, руските напади врз Украина наводно продолжиле со несмалено темпо. Украинските медиуми објавија ноќни напади со дронови врз јужниот пристанишен град Одеса и градот Николаев, повикувајќи се на локалните власти.