Русија украла челик од 600 милиони долари веќе платен од европски клиенти

Директорот на компанијата „Метинвест“ вели дека ќеликот од погоните во Мариупол се пренесува во Русија, иако тој веќе бил платен од клиенти во Европа


 

Русија ограбува челик во вредност од 600 милиони долари од погоните и пристаништата во Украина, според шефот на најголемата украинска компанија за челик „Метинвест“.

Фирмата ја поседува фабриката „Азовстал“ која стана последното упориште на украинските војници и цивили за време на уништувањето на градот Мариупол.

Главниот извршен директор Јуриј Риженков рече дека челикот се пренесува во Русија и се продава, а дел од него е наменет за клиенти во Европа.

Кремљ не коментираше.

Седиштето на „Метинвест“ е во Мариупол, центар за трговија и производство, кој по речиси три месеци немилосрден напад, во мај падна во рацете на Русија.

Риженков рече дека 300 вработени и роднини на 200 вработени биле убиени во нападот на фабриката „Азовстал“, која заедно со нејзината сестринска фабрика „Илјич“ сочинуваше 40% од целокупното производство на челик во Украина.

Илјадници тони челик платија европски клиенти.

Тој рече дека јавните извори и сопствените доушници на компанијата пријавиле дека челикот се пренесува во Русија и се продавал на внатрешните пазари или во земјите во Африка и Азија.

„Она што тие го прават е во основа грабеж. Тие ги крадат не само нашите производи, туку и некои од тие производи веќе им припаѓаат на европските клиенти. Значи, во основа, тие не крадат само од нас, тие крадат и од Европејците исто така“, изјави Риженков за Би-Би-Си.

Тој рече дека компанијата документирала што е можно поголем дел од кражбата и се подготвува да преземе идни правни мерки.

„Во одреден момент, Русите ќе се соочат не само со меѓународните судови, туку и со кривичните судови. И ние ќе ги следиме со сѐ што имаме“.

Би-Би-Си се обрати до руското Министерство за одбрана за коментар, но тоа не одговори на обвинувањата.

Проф. Марко Милановиќ, експерт за меѓународно право на Универзитетот во Рединг, вели дека има голем број опции да се турка случајот, но изгледите за успех се помалку сигурни.

„Кои правни опции да ги избере ‘Метинвест“ тоа е многу тежок процес и бидејќи грабежот, за жал, е многу вообичаен во конфликт, тужењето на државата ограбувач и добивањето компензација е навистина многу, многу ретко“, рече тој за Би-Би-Си.

„Меѓутоа, тие можеби сакаат симболично задоволство повеќе од парите, а етикетирањето на Русија како прекршител на законот би било голема работа.

Директорот на „Метинвест“ Јуриј Риженков

Како и многу украински компании, Метинвест стана делумно воена, делумно хуманитарна организација. Риженков рече дека неговите работници во челичарницата станале исто толку важни како украински војници.

„Нашата компанија прави панцири, обезбедуваме челик за подземни бункери, обезбедуваме челик за оклопни возила.

Иако фабриката „Азовстал“ беше практично уништена во руската опсада, тој рече дека е уверен дека ќе дојде денот кога повторно ќе биде објект во сопственост на Украина.

„Јас сум позитивен. Начинот на кој јас го гледам тоа Русија веќе ја загуби оваа војна и само прашање на време е кога ќе го сфатат тоа. На Русите не им треба Мариупол, не им треба Донбас. Ним им треба цела Украина или ништо, што значи дека и сега да престанат, Украина ќе го врати назад, тоа е само прашање на време“.

Но, зарем тоа не бара голема воена офанзива од страна на притиснатите украински сили?

„Дали имаше голема офанзива кога Германија повторно се обедини со Источна Германија? Постојат неколку начини на кои Украина може да ја врати назад. Еден од начините е голема воена офанзива, друг начин е дека Русија само ќе мора да излезе поради некои внатрешни работите во Русија. Или конечно, постои трет начин кој во одреден момент од историјата само ќе се обедини“.

Риженков рече дека опсадата на „Азовстал“ ќе биде запаметена како еден од клучните моменти на оваа војна.

„Тоа е трагедија за украинската индустрија за челик. Тоа е трагедија за жителите на Мариупол. Но, во исто време ќе биде запаметен како чин на херојство за војската која ја штитеше тополницата толку многу недели, да биде запаметен како симбол на силните страни на брилијантниот народ. Така замислувам дека ќе биде запаметен“. (Би-Би-Си)