Русија го затвори конзулатот во Битола. Причина биле санкциите

Од амбасадата на Руската федерација во Скопје за „Независен“ кусо потврдија дека „конзулатот во Битола се затвора поради санкциите на Македонија кон Русија“


 

БИТОЛА – Почесниот конзулат на Руската федерација во Битола сместен во срцеото на градот на Широк Сокак и официјално е затворен. После точно 6 години (свеченото отворање беше на 31 август 2016 година) од отворањето на руското конзуларното претставништво во градот денеска просториите на плоштадот „Магнолија“ се целосно испразнети, а мебелот и инвентарот отсранети.

Од амбасадата на Руската федерација во Скопје за „Независен“ кусо потврдија дека „конзулатот во Битола се затвора поради санкциите на Македонија кон Русија“.

Конзулатот во август 2016 година беше отворен на свечен начин со многу видни гости и забава, а беше нагласено дека целта на отворањето на почесен конзулат во градот на конзулите е унапредување на економската соработка помеѓу руските и македонските компании и промовирање на руските културни и традиционални вредности во Македонија. (А.Б.)