Русија го блокираше и Фејсбук
Во уште еден удар кон ограничување на вестите што можат да ѝ наштетат на инвазијата на Украина руските власти вечерва го блокираа и пристапот кон глобалната социјална мрежа Фејсбук.
Руската државна новинска агенција Риа соопшти дека тамошното тело за надзор на медиумите одлучило да го блокира пристапот до платформата за социјалните медиуми поради тоа што имало 26 случаи на дискриминација на неколку руските медиуми (меѓу кои РТ, Спутник, „Звезда“) од страна на Фејсбук од октомври 2020 година.