Русија ги обвини САД дека разработуваат биолошко оружје во Украина


Русија денеска ги обвини САД дека финансираат развој на биолошко оружје во Украина.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, во изјава дадена за руските телевизиски станици рече дека целите на таквите биолошки истражувања што ги финансира Пентагон во Украина се „разработка на механизми за тајно ширење биолошки патогени“. 

Од Западот пак предупредија дека со вакви измислени информации Русија отвара простор за употреба на биолошко оружје во Украина, нешто што веќе го правеше во Сирија, овојпат бидејќи плановите за брзо окупирање на Украина  на конвенционален начин не даваат резултат.