Руси позираат во разурнатата Авдиивка со карта на „рускиот свет“. На неа е и целиот Балкан
Денес на социјалните мрежи се прошири фотографија на која двајца Руси во униформи позираат во Авдиивка, првиот украински град освоен од руските сили во последните осум месеци од војната.
Двајца Руси позираат пред уништената зграда додека носат знаме со натпис „Руски свет“. На знамето има карта на која со сина боја е нацртана територијата на тнр. „руски свет“, кој покрај Русија го опфаќа целиот Балкан, вклучувајќи ги Македонија, Грција и Бугарија, европскиот дел на Туција со Истанбул, како и Балтикот, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Монголија…