Родители натепале наставничка, ученик друг соученик, а наставничка тепала ученички

Во три одделни инциденти во училишта во Скопје, се случиле тепачки, при што натепани биле ученици и наставничка.
Имено, вчера во 17.50 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Д.К.(48) од Скопје пријавила дека на работното место во основно училиште на подрачјето на Шуто Оризари, во училницата во која држела час, а подоцна и во канцеларијата на педагогот во училиштето била физичка нападната од К.А. и Д.А., родители на нејзина ученичка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Истиот дена, во 21 часот во СВР Скопје, Б.С.(35) од Скопје пријавил дека околу 17.20 часот во соблекувална од основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, за време на час по физичко воспитување, неговата малолетна ќерка и неколку нејзини соученички биле физички нападнати од наставничката Е.Ј., која употребила и дрвен предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во средата пак, во 16.20 часот во СВР Скопје, А.К.(50) од Скопје пријавила дека во ходник од основно училиште на подрачјето на Чаир, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.