Роденденска прослава во Сарај завршила со групна тепачка
Во текот на денешниот ден во 02.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Сарај, скопско, по претходно недоразбирање околу роденденска прослава, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.И.(64), Д.И.(35), Д.И.(41), Е.И.(28), А.И.(66) и една малолетничка, од една страна и нивните роднини Џ.Е.(43), А.И.(23), Д.И.(41), Џ.И.(18), А.И.(21), Џ.И.(19) и З.И.(38), од друга, сите од с.Сарај, при што биле употребени и тврди предмети.