РК Алкалоид ги претстави новите играчи
Македонскиот ракометен суперлигаш Алклаоид денеска ги претстави тројцата нови играчи, кои во новата сезона треба да дадат дополнителна вредност на клубот од Автокоманда. Словенците Матиц Сухолежник, Нејц Цехте и Црногорецот Вуко Борозан, се новите имиња.
Матиц Сухолежник има 31 година и игра на позицијата пивот и во РК Алкалоид доаѓа од екипата на РД Слован. Во својата кариера има настапувано и за екипите на РК Целје, Данкерк и Саран од Франција, Бенфика од Португалија и за хрватскиот првак РК Загреб.
Нејц Цехте (33 години) е десен бек кој минатата сезона ја заврши кај финалистот на Лигата на шампионите, Фуксе Берлин од Германија. Претходно има настапувано и за екипите на Кршко и Горење Велење, за германскиот Хановер, данската екипа ГОГ и за РК Еурофарм Пелистер.
Црногорскиот лев бек Вуко Борозан (32 години) е добро познат ракометар кој има настапувано за повеќе екипи од во Европа, Блискиот исток и Македонија.
Подготовките на РК Алкалоид ќе се одвиваат во три дела, а стартуваа денеска. Првиот дел е воведниот во тренажниот процес и ќе се реализира во Скопје. Потоа од трети август екипата ќе замине на подготовки во Маврово, по што во последната фаза, подготовките ќе бидат финализирани со контролни натпревари.