„Рио Тинто“ подготвува тужба против Србија
Глобалниот рударски гигант „Рио Тинто“ минатата година оствари рекорден профит поради зголемените цени на суровините. Во својот годишен извештај, компанијата рече дека ги „истражува сите опции“ и „ја разгледува правната основа“ на одлуката на српската влада да го суспендира својот проект за литиум и борати во областа Јадар.
Изјавата предизвика загриженост дека компанијата би можела да тужи.
Нето приходите на „Рио Тинто“ достигнаа рекордни 21,09 милијарди долари минатата година, или 116 отсто повеќе отколку во 2020 година.
„Рио Тинто“ сметаше на проектот за ископување и преработка на литиум и бор во Србија за да профитира од очекуваното зголемување на побарувачката за батерии за електрични автомобили и други форми на складирање енергија, но тој беше прекинат во јануари.
Владата во Белград, под притисок на масовните протести поради загриженоста за природата поради предложениот подземен рудник, го поништи просторниот план за проектот. Премиерката Ана Брнабиќ рече дека „Рио Тинто“ „апсолутно не им дал доволно информации“ на властите и жителите на погодените области Јадар и Раѓевина на западот на земјата. Таа тврдеше дека Владата на Србија со тој потег ги укинала сите дозволи и одлуки, пишува Индикатор.ба.
„Разочарани сме од оваа најава и посветени сме да ги истражиме сите опции и да ја разгледаме правната основа на одлуката и импликациите за нашите активности и луѓе во Србија“, соопшти „Рио Тинто“ во својот годишен извештај, изразувајќи загриженост во Србија дека би можел работите да ги изнесе пред суд.
Овој став се повторува неколку пати низ документот. Компанијата издвои 2,4 милијарди долари за проектот во јули минатата година.
Првото продажно производство се очекуваше во 2027 година со зголемување до целосно производство од 58.000 тони литиум карбонат за батерии, 160.000 тони борна киселина и 255.000 тони натриум сулфат годишно, се вели во извештајот.
Јадар е првиот проект за литиум на „Рио Тинто“.