Ревијата на Олгица Ѓоргиева како шлаг на модната торта во Скопје


Модната дизајнерка и костимографка, веќе етаблирано име, Олгица Ѓоргиева, оваа година, со својот дизајнерски печат, беше силен адут на Моден викенд-Скопје. И во април, кога на голема врата се врати, на модната сцена, по пет години пауза, и синоќа, на последната ревијална вечер на 31. Моден викенд Скопје, во просторот на Diamond of Skopje – Carat, во организација на Света Богова – Јовановска. 

Веќе стана правило на Моден викенд Скопје – колку позвучно дизајнерско име на писта, толку поголема респектабилна публика, која се уште исчекува со трепет да види добра модна ревија, со убави манекенки и креации, кои се совршени до последниот детал – коса, шминка, и модни додатоци.  

Ѓоргиева, во најубаво светло,  се претстави со колекција која што ја потврдува силата на индивидуалниот потпис и интимниот пристап кон формата. Со силуети што балансираат меѓу структура и поетика, таа уште еднаш покажа дека македонскиот дизајн може да биде истовремено личен, женствен и глобално релевантен. Од нежни пастелни тонови до моќната црна нијанса и рафинирани детали, “ THE NOW ” е модна визија каде што елеганцијата се среќава со авангарда. (Л.С.)

Фото: Ѓорѓи Ристоски