Рекордни температури на југозападот на САД, издадено предупредување за екстремни горештини
Екстремен топлински бран, кој веќе постави нови температурни рекорди низ американскиот југозапад, вчера ги донесе тамошните енергетски системи на раб на функционирање, додека населението користи клима уреди некако да се разлади.
Калифорнискиот мрежен оператор доесега успеваше да ја подмири потрошувачката, но во петокот издадое најново предупредување, бараќји од сопствениците на куќи низ целата држава да штедат струја во доцните попладневни и вечерни часови, кога потрошувачката расте.
Националната метеоролошка служба издаде предупредување за екстремни жештини во пет држави – Калифорнија, Невада, Јута, Ариозона и делови од Колорадо, векејќи дека температурите, кои растат значително над 38 степени Целзиусови, може да бидат опасни.
Можно исклучување на струјата
Температурните рекорди вече направија проблеми во Солт Лејк Сити и Плам Спрингс и на други места.
„јадни сме, буквално не ја напуштаме куќата освен ако не мораме“, вели Хана Најт, 20-годишна вработена како келнерка во кафуле во Феникс.
Енергетскиот систем на Тексас и Калифорнија досега успеваше да ја подмири побарувачката, но операторите ги предупредија граѓаните дека ако не сакаат да штедат струја, таа може да биде исклучена за системот да функционира.
Во Тексас температурите малку паднаа, а побарувачката зас труја достигна врв во понеделникот. Во Калифорнија во четвртокот побарувачката достигна 41.364 мегавати. Еден мегават струја доволен е за 200 домаќинства по жежек ден.
Намалување на жештините се очекува на почетокот на следната недела.