Рекорден број новозаразени во Полска

Во Полска денеска се потврдени 680 нови случаи со корона вирус, што е рекорден број инфекции во еден ден.
Починаа шестмина, пренесе Ројтерс.
Полска размислува за воведување порестриктивни мерки кои вклучуваат и задолжително тестирање за патниците кои се враќаат во Полска и карантин за оние кои доаѓаат од одредени земји.
Владата размислува и за дополнителни рестрикции како свадби и други прослави каде се собираат поголем број луѓе.
Од почетокот на епидемијата заразени се 48.149 луѓе, а починаа 1.736.