РЕК „Битола“ работи само со Блок 3, попладнево испадна од мрежа Блок 1
Најголемиот електроенергеткси комбинат во земјава, РЕК „Битола“ поладнево работи само со еден од трите блока, соопштија од Електрани на Северна македонија (ЕСМ).
„Попладнево, околу 16:45 часот заради испад на далновод на МЕПСО, без напојување со струја остана Блок 1 на РЕК Битола, по што постојката испадна од мрежа. Комбинатот продолжува да работи со еден блок, Блок 3, до повторно ставање во функција на Блок 1. На Блок 2 во тек се ремонтни активности“, соопштија од компанијата.