РЕК Битола: Неетички, нечовечки и неморални се нападите од ВМРО-ДПМНЕ
Неетички, нечовечки и неморално е во услови на елементарна непогода во рудниците во РЕК Битола, кога вработените вложуваат максимални напори да ги санираат состојбите и дури ги загрозуваат и сопствените животи, ВМРО ДПМНЕ на прес конференции да зборуваат за неспособност на комбинатот, иако од опозициската партија се свесни дека и во услови на поплави кои не се видени во рудниците во последните 25 години, РЕК Битола успева да го одржи стабилно производството не електрична енергија, порачаа денес од од овој енергетски гигант.
-Во истиот момент кога РЕК Битола и вработените покажуваат највисока пожртвуваност за санирање на состојбата во услови на огромни дотеци на вода и поплави на откопните полиња на јаглен, опозициската партија пласира лажни вести дека ,,непотребно се трошат пари за вода од страна на РЕК Битола”.Ја известуваме јавноста, а ВМРО ДПМНЕ ја потсетуваме, дека водата која во моментот се набавува е за вработените во РЕК Битола, особено за вработените во рудниците каде нема водовод и снабдување со вода за пиење.
Набавка за вода за рудниците е законска обврска за компанијата и таа е содржана и во Колективниот договор. Истата е вршена редовно сите години наназад,а вршена е и во времето на Христијан Мицкоски како директор на ЕЛЕМ. Оттука, нехумани се прес конференциите кои лица од ВМРО ДПМНЕ ги одржуваат веројатно токму по налог на Мицкоски.
Го покануваме партискиот претседател Мицкоски и лицата кои ги изнесуваат лажните вести да дојдат во рудниците на РЕК Битола и да ја видат актуелната состојба на елементарна непогода, и во таа прилика да се сретнат со рударите и со сите вработени и лично да им кажат дека нема потреба да им се дава вода за пие, стои во реакцијата од РЕК Битола.
Од ВМРО-ДМПНЕ пак одговорија со нови напади.
-Неспособноста и неодговорноста на раководството на РЕК Битола и ЕЛЕМ го доведуваат во опасност енергетскиот систем во Македонија.Наместо да бараат одговорност и оправдување во временските услови или опозицијата раководството треба да одговори зошто од 18 јули 2020 РЕК Битола работи само со еден блок?Зошто најголемиот багер за ископ на јаглен повеќе од еден месец е надвор од употреба?Зошто енергетските компании ги претрупуваа со партиски и непотистички вработувања? Зошто цело време се прават скандалозни тендери со кои се испумпуваат народните пари?Зошто на крајот бараа поскапување на струјата од 7,5%, а според тврдењето на регулаторна и 25%, кога беа до пред некој месец енергетски шампиони?-стои во реакцијата на оваа партија.