Регулаторна ги објави новите цени на горивата, еве колку поскапува дизелот и со намаленото ДДВ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ги соопшти малопродажните цени на нафтените деривати со вклучена повластена стапка на додадена вредност од 10%, со што изврши усогласување со измените од Законот за данок на додадена вредност.
Така, од 24.3.2026 година од 00:01 часот максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 92,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 47,610 (денари/килограм)
Како што посочуваат од РКЕ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,157 ден/кг и сега ќе изнесува 47,610 ден/кг.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.3.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.
Од таму објаснуваат дека доколку останеше на сила ДДВ-то од 18 % цената на бензините ќе беше повисока за 6,50 ден/л, а дизелот за 10,50 ден/л, односно максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваа:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 93,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 95,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 102,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 51,073 (денари/килограм)
Со денешната одлука малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,39 % во однос на одлуката од 16.3.2026 година.
Како што посочуваат од РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 13,592%, кај дизелот за 16,531%, кај екстра лесното масло за 15,222% и кај мазутот зголемувањето е за 9,207%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7145%.