Регионален форум за инклузија на маргинализираните жени во Скопје


Регионален форум „Платформа за вклучување на маргинализираните жени во општеството и зајакнување на соработката“ ќе се одржи денеска во Скопје.

Форумот, кој е во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права, има за цел да поттикне суштински дијалог меѓу институциите, граѓанските организации и маргинализираните заедници за подобрување на заштитата од дискриминација.

Ќе бидат презентирани клучните наоди и препораки од мониторингот на работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, а потоа ќе следи институционален панел насочен кон конкретни чекори за подобрување на пристапот до правда и еднаквост.

Воведни обраќања на настанот ќе имаат амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Зомер и извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска.