Реакција од Филипче: Повиците за обединување се само празни зборови
Опозициската СДСМ брзо реагираше на повикот на премиерот Христијан Мицкоски за обединување нарекувајќи ги „празни зборови“. Мицкоски во говорот на Мечкин Камен повика на обединување во земјата, а во исто време жестоко ја нападна опозицијата.
„Ставовите и повиците за обединување за национално единство не се само празни зборови што треба да се кажат. Ако ние одиме да остваруваме вистински потреби на граѓаните и да имплементираме такви политики тоа треба да се покаже на дело и ќе искоментирам само една работа и се надевам дека тоа ќе биде сосема доволен одоговор на ваквото прашање“, вели во својата реакција претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Тој нагласува:
„Поднесовме амандмани за зголемување на платата на работниците согласно политиките што се спроведуваа изминатиот период, имавме сериозни состаноци со синдикатите и беа етикетирани дека извршуваат некакви партиски цели или партиски задачи. Срамно е да се етикетираат такви организации што ги претставуваат сите работници. Нашите амандмани беа одбиени, а тоа беа амандмани за да се зголемат платите во образованието, здравството, да се зголемат платите на работниците што се борат со пожарите, во одбраната и во МВР, но за жал тоа власта го одби“.